Клинтон: Благодарен сум што по 20 години БиХ и натаму е мирна земја

Од:

Пред 20 години повеќе од осум илјади мажи и деца беа убиени во геноцид, а тој страшен факт конечно го поттикна сите членки на НАТО да и дадат поддршка на Америка да го направи тоа што беше сосема неопходно за да започнат мировните преговори и Босна и Херцеговина (БиХ) повторно да зачекори на патот кон нормалниот живот, изјавил во саботата поранешниот американски претседател Бил Клинтон на комеморацијата по повод 20-годишнината од геноцидот во Сребреница.

„Благодарен сум на луѓето кои работеа на тоа војната да прекина, да сопре убивањето и на сите луѓе кои работеа на тоа да се изгради мир“, рекол Клинтон, додавајќи дека 20 години подоцна е благодарен поради тоа што БиХ и натаму е мирна земја, дека е блиску до членство во ЕУ и дека е учесник во мировните трупи во Авганистан и на други места.

Клинтон истакнал дека во името на својата земја и длабоко од своето срце, го сака ова место и дека не сака повеќе да види ништо слично нити на илјадници километри подалеку.

„Но светот сеуште е доминиран од војни, убивања засновани на етничка припадност, раса, вера. Сите во светот се обидуваат да одлучат дали навистина можеме да живееме заедно, но некој мора да го направи првиот чекор“, заклучил Клинтон.

Би можело да ве интересира

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

ЕУ: Нема место меѓу нас за оние кои го негираат геноцидот во Сребреница

Горан Наумовски

Битка за Сребреница: Милош Вучиќ ќе биде кандидат на просрпските партии за градоначалник

Предраг Петровиќ

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Црна Гора усвои Резолуција за геноцид во Јасеновац, Дахау и Матхаузен

Предраг Петровиќ