ККСС: Косовката Џамиле Тахири е една од најрадикалните џихадистки во Сирија

Од:

Во редовите на Исламска држава во Сирија и Ирак се борат 44 жени од Косово и 60 од Босна и Херцеговина, соопшти Косовскиот центар за безбедносни истражувања (ККСС).

Според Центарот, најпознатата Албанка од Косово меѓу џихадиститее Џамиле Тахири (23), која раководи со камп за обука на жени џихадистки во Сирија и е сметана за една од најрадикалните жени-борци на ИД.

Како што јави Танјуг, под нејзин патронат во редовите на ИД се дојдени десетици Албанки од Косово, Албанија и Македонија. Нејзина десна рака е Лаура Хисени, исто така, од Косово, која во групата ги довела и својот сопруг и брат.

Улогата на овие жени не е да бидат само „сопруги на џихадисти“, како што најчесто се смета, туку е многу поголема и поважна и од учеството во битките. Нивната улога е главно да врбуваат нови членови од целиот свет, главно на Интернет, посочува Центарот.

ИД во својот состав има неколку бригади, составени само од жени, од кои најпознатата е бригадата „Канса“, според името на арапската поетеса од најраните денови на Исламот. Оваа бригада е формирана на почетокот на 2014 година и во неа се примаат главно високо образовани жени. Предност имаат оние кои се занимаваат со интернет технологии или имаат економско образование.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски