Ќе се пребројуваат гласовите од речиси 500 косовски избирачки места

Од:

Централната изборна Комисија на Косово (ЦИК) одлучи денеска да се повтори броењето на гласовите во 494 избирачки места на кои се гласаше на вонредните парламентарни избори на 14 февруари.

Портпаролот на ЦИК, Ваљмир Елези, изјави за медиумите дека на спорните ибирачки места се забележани разни видови неправилности при евиденцијата на гласовите.

– Според ЦИК, пребројувањето ќе се изврши поради следните причини: погрешно пренесување на гласовите во формуларите на политичките субјекти (35 избирачки места); погрешно пренесување на гласовите во формуларите на кандидатите (6 избирачки места); кандидатот или кандидатите имаат повеќе гласови од политичкиот субјект (370 избирачки места); и политичкиот субјект има добиено гласови, додека кандидатот не и обратно (83 избирачки места), информира Елези.

Косовските граѓани на овие избори гласаа во 888 гласачки центри со 2.382 избирачки места, што значи дека пребројувањето ќе се изврши во околу 2,5 отсто од гласачките места.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски