Ќе им се кратат финасиите на „Златна Зора“

Од:

Грчката Влада денеска до Парламентот поднесе Предлог-закон, чија цел е укинување на државната финансиска помош за неонацистичката партија Златна зора, чии лидери изминатиот викенд беа уапсени под обвинение дека дејствувале како криминална организација.

Владата со законот предлага укинување на државното финансирање за партија, чиј „член на раководството или пратеник во Собранието е осуден за кривично дело“.

Грчката полиција изминатиов викенд ги уапси основачот на Златна зора и пет истакнати партиски членови, по тензиите предизвикани со убиството на 34-годишниот левичарски рапер Павлос Фисас на 17 септември, за што е осомничен симпатизер на Златна зора.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит