Ќе биде или не: Хилари на чело на „Парада на гордоста“ во Белград?!

Од:

Посетата на американската секретарка Хилари Клинтон во Србија е закажана за 4. октомври, а „Парада на гордоста“ во Белград, треба да се случи два дена подоцна. Организаторите на белградската „прајд“ неофицијално објавија дека Клинтон ќе биде вклучена во нивната агенда, иако се уште не е потврдено официјално.

„Не е тајна дека Клинтон е голем борец за човекови права. Службите за протокол на државната секретарка на САД се информирани дека нејзиното доаѓање во Србија се совпаѓа со одржувањето на геј парадата, па и американската амбасада изјави неофицијално дека е оставен простор за почитуваната гостинка да се прошета низ Белград“, вели изворот на весникот „Ало“.

Иако се уште ова се само шпекулации, лидерот на Единствена Србија, Драган Марковиќ – Палма, во емисијата „ Veče sa Ivanom Ivanovićem“ изјави дека оваа година парадата во Белград нема да се одржи воопшто, затоа што ќе биде откажана поради безбедносни причини.

Ќе биде или не, останува да видиме дали Хилари ќе промени нешто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски