Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ е против поставување жица на границата со Босна и Херцеговина „во која живеат Хрвати“.
Таа застана во одбрана на хрватските полицајци кои беа цел на критики поради односот кон мигранти. Според неа, повредите на кои мигрантите често се жалат се поради тешкиот терен.
Грабар-Китаровиќ нагласи и дека била во право кога ја критикувала политиката за бегалци на германската канцеларка Ангела Меркел.
Таа не сакаше да прејудицира како ќе се однесува новата шефица на европската дипломатија Урсула фон дер Лајен, и додаде дека тоа не е хрватски, туку европски проблем.
– Нема да стане хотспот. Јас сум против поставување жица на границата со Босна и Херцеговина во која живеат Хрвати, рече Грабар-Китаровиќ.
Хрватската претседателка го критикуваше и односот на властите во Босна и Херцеговина кон мигрантската криза.