Китаровиќ: Југославија беше Утопија

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека во Хрватска денес многу подобро се живее отколку во поранешна Југославија и дека на сите југоносталгчари им препорачува на еден ден да се вратат во тие денови со цел да увидат кои слободи им биле укинати.

Китаровиќ во интервјуто за австриски „Калне Цајтунг“ истакна дека Хрватите нивната држава ја сонувале илјада години – прво под Хабсбурговците, потоа во Кралството Југославија, па по Втората светска војна, под наметнатата власт на комунистите.

Китаровиќ наведе дека со Фрањо Туџман во 1992 година Хрватите конечно го оствариле сонот да бидат слободни.

– На Хрватска денес и оди многу подобро. Постојано среќавам луѓе кои имаат носталгија кон Југославија. Секогаш им предлагам на еден ден да се вратиме во Југославија за да видат кои се слободи им биле укинати, а можат да ги уживаат во денешна Хрватска, нагласи хрватската претседателка.

Таа како пример на лош живот во времето на Југославија ги наведе возењето на пар-непар, неможноста на слободно напуштање на земјата и недостигот на некои производи.

На прашањето: зошто тогаш граѓаните на Хрватска се носталгични за Југославија ако животот бил толку лош, Китаровиќ одговори:

– Југославија беше утопија. Јосип Броз Тито, комунистите и тогашните медиуми ги уверуваа луѓето дека животот кај нас е прекрасен. Секој имаше плата, независно од тоа дали работел или не, потенцира Китаровиќ, наведувајќи дека Југославија ги трошела парите на мегаломански проекти со цел да го уверат светот дека таа е индустриска држава.

Китаровиќ тврди дека национализмот не и „го ископал гробот“ на Југославија.

– Тој беше катализатор. Ние Хрватите и Словенците сакавме подобар живот бидејќи сме дел од западниот свет и сакавме слободно располагање со парите што ги создаваме, заклучи хрватската претседателка.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ