Китаровиќ: Готовина и Маркач ќе работат како советници

Од:

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека хрватските генерали Анте Готовина и Младен маркач ќе бидат дел од советодавното тело на Советот за национална безбедност.

Таа во интервју за „Вечерњи лист“ изјавави дека тој Совет ќе биде важен за промена на стратегијата за национална безбедност, како и за идниот развој на оружените сили на Хрватска.

– Сакав и генералот Готовина да се вклучи во работата на овој важен Совет за национална безбедност, ние сме и пријатели долги години. Драго ми е што тој и генералот Маркач се согласија да учествуваат и оти ја препознаа позитивната вредност на моите намери и задачи на тој Совет, изјави Китаровиќ.

Во Советот ќе има 10 до 15 најискусни хрватски генерали, разузнавачи и други екперти, објасни хрватската претседателка.

„Вечерњи лист“ наведува дека во Советот ќе биде и Мирослав Туѓман, синот на Фрањо Туѓман, првиот хрватски претседател и основач на ХДЗ, партијата од каде доаѓа Китаровиќ.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб