Китаровиќ ги откажа активностите, а Милановиќ најави обраќање по веста за убиството на киднапираниот Хрват

Од:

Хрватскиот државјанин киднапиран пред три недели во Египет Томислав Салопек е погубен, јавија западните медиуми, а хрватското Министерство за надворешни и европски работи тврди дека засега тоа не е потврдено.

Според хрватските медиуми премиерот Зоран Милановиќ денеска попладне ќе одржи вонредна конференција за новинари, а претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, како што јавува „Јутарњи лист“, веќе ги откажала сите закажни обврски за денеска.

Порталот Индекс.хр пишува дека на интернет се појавила снимка од погубувањето на Салопек, со апел до сите хрватски медиуми да не го објавуваат. Порталот повикува и читателите да не споделуваат фотографии по социјалните мрежи, не само во знак на почит кон Салопек и неговото семејство, туку и затоа што објавувањето на овие фотографии е целта на исламските терористи.

Информацијата за погубувањето на Салопек беше објавена на Твитер налози, што ги користат припадници на Исламска држава. На Твитер се појавија и слики на кои наводно се гледа телото на обезглавениот Хрват.

Хрватскиот државјанин е киднапиран на 22 јули на територијата на Каиро, додека со службено возило патувал на работа. Салопек работел за француската група ЦГГ.

Исламски милитанти на 5 август објавија снимка на која Салопек во пустина со маскиран маж со нож во рака, чита од лист хартија дека киднаперите ќе го убијат во рок од 48 часа, доколку египетската влада не ги ослободи уапсените муслимани.

Киднаперите потоа не објавија никакви информации, а египетските сили за безбедност покренаа голема потрага по Салопек.

Доколку се потврди информацијата дека припадници на ИД брутално го убиле Томислав Салопек, тоа ќе биде нивно деветто обезглавување на странски државјанин.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб