Китаровиќ: Добар чекор напред во односите меѓу Хрватска и Србија

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ го оцени како позитивен чекор за односите меѓу Хрватска и Србија тоа што двете земји ја усогласиле листата од вкупно 1.606 исчезнати лица за време на војната на територијата на Хрватска од 1991 до 1995 година, како и тоа што Србија го екстрадира Вељко Мариќ, кој во Белград е осуден на 12 години затвор за воени злосторства.

За време на работната посета на хрватската воена морнарица и нејзиното седиште во пристаништето Лора, претседателката Китаровиќ истакна дека таквите чекори отвораат простор за понатамошен развој на односите меѓу Хрватска и Србија, за што таа лично се залага од самиот почеток.

Грабар Китаровиќ, исто така, потсети дека се залага и за забрзување на решавањето на отворените прашања, изразувајќи надеж и верба дека интензивно ќе се тргне кон решавање на прашањето на 1.600 исчезнати лица, чии семејства чекаат момент да го затворат тој дел од историјата и најдат мир, а во иднина место каде ќе може да се поклнат на своите најблиски.

На прашањето дали ќе се залага Мариќ да биде помилуван, Китаровиќ одговори дека тој треба да поднесе барање за помилување, нагласувајќи дека таквата постапка ќе биде спроведена во согласност со сите законски прописи и ќе ги мине сите правосудни инстанци, како и Комисијата за помилување.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка