Кирилицата во Вуковар веднаш по изборите

Од:

Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ најави дека натписите во Вуковар, на кирилица и српски јазик ќе бидат поставени по вторниот круг на локалните избори, во јуни годинава.

-Не сакам темата да ја интоксира кампањата, изборите нека завршат во мир, а потоа ќе се спроведе законот. Кирилицата е наш, хрватски јазик, половина средновековни документи се напишани на неа – изјави Милановиќ.

Тој додаде дека многумина се обидуваат да го злоупотребат воведувањето на двојазичноста и порача дека ќе се спроведе Уставниот закон.

-Оние кои навистина имаат болка во срцето, со нив сочувствувам и ги разбирам. Има во нашите редови од оние кои беа во логорите во Србија, министри и градоначалникот на Вуковар, кој ги обедини Србите и Хрватите и кој поради тоа ќе ги добие изборите – нагласи тој.

И покрај противењето на одредени здруженија на воени ветерани и десничарски партии, владата повеќе пати порача дека државата нема да ја одложува примената на Уставниот закон за правата на националните малцинства, кој овозможува примена на двојазичноста во Вуковар.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка