Кирил Петков: Нема да има агенти на поранешните безбедносни служби во владата на Бугарија

Од:

Во бугарската Влада нема да има агенти на поранешните безбедносни служби, изјави премиерот Кирил Петков на брифинг по редовната владина седница.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков им се заблагодарил на коалициските партнери од партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов и на министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, што се преземени брзи мерки и лица со досиеја на поранешните комунистички безбедносни служби нема да бидат именувани или ќе бидат отстранети доколу веќе се назначени.

Изјавата на Петков е одговор на прашање за евентуални назначувања на луѓе како советници во Министерството за надворешни работи на Бугарија, кои се поврзани со структури на поранешната Државна безбедност.

Премиерот се осврна и на темата за распоредување единици на НАТО во Бугарија, нагласувајќи дека за тоа не било разговарано ниту на владиниот состанок, ниту со некои од нивните партнери.

Според Петков, зборовите на министерот за одбрана на Бугарија Стефан Јанев дека не е потребно да се распоредат дополнителни војници на НАТО, се лично мислење, а не став на Бугарија и на Владата.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки