19 февруари е еден од деновите кога се чувствувам најгорд што сум Бугарин. Горд што нашата земја е татковината на Васил Левски! Ова се вели во официјалното обраќање на бугарскиот премиер Кирил Петков по повод 149 години од смртта на апостолот, објавено на официјалната Фејсбук страница на Министерскиот совет.
„Речиси еден и пол век од смртта на апостолот, неговото наследство и завет станаа највистинскиот учебник за патриотизам и чесност“, истакна премиерот. Тој потсети на зборовите на апостолот: „Неопходни се дела, а не зборови“. Кирил Петков потенцира дека Васил Левски е симбол на чистотата. Според него, тој е и симболот што не обединува. Се поклонувам и благодарам!“, ја завршува објавата Петков.
Извор: МИА