Кипарските власти истражуваат дали на островот постојат кампови за обука на неонацистички групи

Од:

Врз основа на материјалите со кои располагаат, кипарските власти решија да започнат истртага за евентуално постоење на кампови на Кипар за обука на неонацистички групи, поврзани со грчката партија Златна зора.

Кипарскиот министер за правда Јонас Николау на прес-конференција потврди дека кон крајот на минатата недела од генералниот секретар на опозициската Прогресивна партија на работниот народ (АКЕЛ), Андрос Кипријану  добил фотографии и материјали, кои содржат „наводни факти за можно постоење на неонацистички кампови“ на островот.

– Наша приоритена задача во моментов е да разјасниме дали лицата и местата кои се на фотографиите се поврзани со фашистички движења. Сами по себе фотографиите не претставуваат доказ, но затоа е потребно тоа да се истражи, истакна Николау.

Тој нагласи дека со оваа проблематика се занимаваат експертски служби, кои треба да утврдат дали постои криминал, а доколку се потврди сомнежот на АКЕЛ виновниците ќе бидат казнети.

– Кипарската Влада нема да дозволи никакви активности на островот, која би можела да претставува закана за безбедноста на државата, истакна министерот.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ