На турскиот дел на Кипар во самопрогласената Турска Република Северен Кипар, бирачите денеска гласаат за нов претседател меѓу седум кандидати, вклучувајќи го и досегашниот Дервиш Ероглу.
Република Кипар не ја признава законитоста на изборите, пренесува Танјуг.
На изборите учествуваат седум кандидати, од кои пет независни. За победа во првиот круг потребно е кандидатот да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, а доколку никому тоа не му успее, на 26 април ќе биде одржан втор круг.
За време на изборите отворени се 693 бирачки места, на кои ќе гласаат 176.900 регистрирани избирачи.