Кипарските Грци потрошиле 5,4 милиони евра преку користење кредитни картички во Северен Кипар и Турција за првите седум месеци од оваа година, објави JCC Payments.
Најголем дел од парите од кипарските Грци се потрошени за хотели, авионски билети како и во малопродажбата.
Во истиот период, кипарските Турци потрошиле 10,5 милиони евра со кредитни картички во јужниот дел од Кипар.