Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис пристигна во Атина каде ќе учествува на втората евро-арапска средба, што ќе се одржи денеска и утре.
На средбата ќе бидат разгледани прашања поврзани со геополитичките процеси во рамките на ЕУ и арапскиот свет, соработката во секторите на енергетиката, транспортот и бродскиот сообраќај, образованието, производствените инвестиции на арапските земји во членки на Унијата и европските инвестиции во арапскиот свет.