Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес денеска телефонски разговарал со новоизбраниот лидер на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, соопшти портпаролот на кипарската Влада, Никос Христодулидес.
Според портпаролот, двајцата соговорници се договориле да се сретнат првтап в сабота, а местото на средбата ќе биде одредено дополнително.
Христодулидес додаде дека Анастасијадес и Акинџи би можеле да се посветат на барање начини за остварување напредок во преговорите за обединување на етнички поделениот остров.
Ова ќе биде прв состанок на лидерите на Грците и Турците на Кипар од септември минатата година.