Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис денеска кусо време беше примен во болница заради зголемен крвен притисок, веднаш по неговото пристигнување во Брисел за самитот на ЕУ, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на кипарската Влада.
Поради континуираното течење крв од носот кипарскиот претседател рано утринава беше примен во болница во Брисел, каде било утврдено дека станува збор за зголемен крвен притисок, се посочува во официјалното соопштение од Владата во Никозија.
Анастисиадис, ( 68) болницата ја напуштил неколку часа подоцна, откако му била укажана нужната медициснка помош.
-Лекарите му препорачаа да остане во хотелската соба и да биде под надзор на лекар, забележа кипарскиот владин порпарол Никос Христодулидис.
Портпаролот подоцна посочи дека грчкиот премиер Андонис Самарас ќе го претставува Анастасиадис на средбата на врвот на ЕУ и ќе ги изложи позициите на Република Кипар.
Кипарскиот претседател оваа информација ја потврди на Твитер.
Анастасиадис се слушнал и со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј и го информирал дека нема да може да учествува на дводневната средба на врвот на ЕУ.