Кипарски Грци ја тужат Турција за воени злосторства

Од:

Група кипарски Грци, кои претрпеле последици од турската инвазија на островот во 1974 година, поднесоа денеска тужба против Владата на Турција пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Тие бараат отпочнување истрага за злосторствата на Турција на територијата на Република Кипар, делумно и поради континуираното населување на турски жители на окупираната територија, се наведува во соопштението на израелската правна фирма „Шурат Хадин“, кој работеше на подготовка на тужбата.

Тужбата е поднесена од кипарскиот европратеник Костас Мавридис и асоцијацијата „Кипарци против турските воени злосторства“.

Во тужбата се посочува дека Анкара останува неказнета за извршените воени злосторства и се предупредува дека обемот на демографските промени од населувањето на Турците на островот претставува закана да ги „сведе на нула“ можностите за постигнување взаемноприфатливо решение за кипарското прашање.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ