Кипарската Влада сака преструктуирањето на најголемата банка на островот, Банката на Кипар да заврши до крајот на овој месец.
Портпаролот на Владата Христос Стилианидис изјави денеска дека по завршувањето на преструктуирањето, управувањето со банката ќе биде вратено на нејзините директори и акционери.
Кипарската Влада донесе одлука за преструктуирање на банките на островот, со цел да ги олесни последиците од финансиската криза на земјата.
Преструктуирањето се спроведува на сметка на штедачите со негарантирани депозити, сопствениците на обврзници и акционерите.