Владата на Република Кипар ја разгледува можноста за создавање на специјална инвестициска банка со цел најдобро што може да се искористи евентуалната германска финансиска помош за островот.
Портпаролот на Владата Христос Стилианидис изјави дека се разгледуваат сите можни варијанти, кои би можеле да помогнат за зголемување на ликвидноста на кипарската економија.
– Има примери, најмногу во Шпанија, каде по германската помош беше создадена специјална инвестициска банка со цел да биде најдобр искористена таа германска помош, која може да се отпушти во форма на кредит, со исклучително поволни камати, изјави Стилианидис.
Тој додаде дека ова прашање било разгледано при неодамнешната средба меѓу кипарскиот претседател Никос Анастасиадис со германскиот канцелар Ангела Меркел.