Кипарската православна црква обезбеди кредит во висина од 200 милиони евра од странска банка, соопшти кипарската грчка телевизија Сигма.
За оваа цел под хипотека ќе бидат ставени црковни имоти. Парите ќе бидат потрошени за реализацијата на серија проекти, кои, според архиепископот Хрозостом, ќе се за помош на земјата. Меѓу проектите се изградба на хотел, училиште на англиски јазик и соларен парк.
Црквата во Кипар во моментов преговара со инвеститори од Израел и Русија за изградба на електрична централа.
Според информација на телевизијата, Архиепископијата сака проектите да бидат почнати во периодот септември-октомври.