Кипарската крајбрежна стража спаси 26 луѓе, од кои поголемиот број жени и деца, од чамец кој тонел во близина на југоисточниот дел на островот.
Некои од мигрантите биле извадени од вода во текот на ноќта. Меѓу спасените е и петмесечно бебе. Некои од мигрантите се хоспитализирани, меѓу кои и дете.
Тројца од спасените се приведени под сомнение дека организирале илегална трговија со луѓе. Двајца од приведените се Сиријци, а едниот е Либанец. Мигрантите, воглавно од сириската провинција Тартус, изјавија дека платиле по 2.000 евра за возрасен и по 1.000 евра за дете за превезување од Либан до Грција.