Кипар воведува задолжителен тест за туристите од Грција

Од:

Поради зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 кај туристи што се вратиле од различни делови на Грција, Министерството за здравство на Кипар соопшти дека ја преместува Грција во втората категорија земји и за патување е задолжителен негативен тест, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката стапува во сила на 6 август, а до тогаш ќе бидат зголемени тестовите по случаен избор на туристите што на кипарските аеродроми пристигнуваат од Грција.

За земјите од втората категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето.

Во оваа група, согласно ажурираната листа што минатата седмица ја објави Кипар се Велика Британија, Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска , Холандија Чешка, Андора, Монако, Ватикан, Сан Марино, Австралија, Мароко, Руанда, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина, а од четврток се додава и Грција.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он