Кипар во октомври ќе ја добие последната транша од 500 милиони евра од спасувачкиот кредит

Од:

Министрите за финансии од еврозоната денеска го пофалија Кипар за неговата успешна економсска обнова и дадоа одобрение во октомври да му се исплати последната транша од 500 милиони евра од спасувачкиот кредит, пренесе ДПА.

Кипар во 2013 година доби спасувачки кредитен пакет во вкупна вредност од 10 милијарди евра. Во замена за тоа, земјата требаше да го преструктуира својот банкарски систем и овој процес им предизвика загуби на големите инвеститори и депоненти. Беше воведена и контрола врз движењето на капиталот, чии последни ограничувачки мерки беа укинати во април годинава.

По неформалната средба на министрите за финансии во Луксембург, шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, изјави дека темпото на обновување на кипарската економија е многу подобро од предвидувањата дадени на почетокот на годината, а решителното спроведување на владините реформи веќе „дава плод“.

Деветнаесетте министри од еврозоната, меѓутоа, предупредија дека пред Кипар се уште стојат некои предизвици. Во заедничкото сопштение по средбата тие посочија дека справувањето со високото ниво на лоши кредити останува приоритет за Кипар. Тие ја повикаа Никозија да се придржува кон неодамна преземените правила за процедурите за банкрот и да ги подготви законите за олеснување на префрлањето на кредитните обврски кон друг кредитор за да се обезбеди поголема наплатливост на лошите кредити.

Претседателот на Европскиот стабилизациски механизам, Клаус Реглинг, изјави дека очекува следната транша за Кипар да се исплати во првата половина на октомври.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ