Мали се шансите Кипар да ја добие следната транша од помошта од меѓународните кредитори откако очигледно ги вознемири новиот закон за хипотекарни кредити, изјави денеска портпаролот на кипарската Влада.
Според Никос Христулидес, Владата е во многу тешка ситуација и се обидува да ги ограничи ефектите за недобивање на следната рата од помошта.
Министрите за финансии од ЕУ на утрешната седница ќе разговараат за програмата за помош на Кипар. Кипар очекува 436 милиони евра во крајот на септември. Во март 2013 година Кипар доби пакет меѓународна помош од 10 милијарди евра.
Комесарот на ЕК за економски прашања порача дека извесни делови од новиот закон изгласан на Кипар во минатата сабота, заедно со предлог законот за хипотека, очигледно не се во согласност со условите за пакетот помош.