Кипар пред незапамтена институционална криза

Од:

Катимерини – Атина

Односите на претседателот на Република Кипар и главниот обвинител на островската држава Костас Клиридис, се под закана од голема криза, а повод за неа е конечниот извештај на независен истражител во кои се осомничи за корупција заменик-главниот обвинител Рикос Еротокриту. Извештајот на истрагата исто вклучува и обвиненија кои Рикос Еротокриту ги формулирал и испратил на адреса на својот шеф – главниот обвинител во земјата.

Истрагата сведочи за извршени криминални дејства од страна на заменик-главниот обвинител. Поточно тој е обвинет за „поткупување на службено лице и за земање поткуп“.

Заменик-главниот обвинител Еротокриту негира дека го сторил тоа и дека направил злоупотреба. Тој обвиненијата ги нарече „конспирација“, и дека очекува во нив да бидат вклучени и претходниот и сегашниот обвинител, а исто така и некои определени адвокати.

Како одговор по најавата на претседателот Никос Анастадијадис дека има намера да назначи криминални истрага која ќе пронајде уште факти поврзани со главното обвинителство, и Костас Клиридис издаде соопштение кое се толкува како евентуално поденсување на негова оставка.

Главниот обвинител брзо реагираше, како што самиот најави, во содејство со врховниот шеф на земјата обвинетите се претвораат во обвинители на срамен начин.

Пред тоа, кипарскиот претседател објави соопштение во врска со изјавите на главниот обвинител дека има информации кои водат до заклучокот дека заменик-главниот обвинител бил поткупуван од самиот главен обвинител, а исто има и тврдења на Еротокриту за дејства на Клиридис кои треба да бидат истражени.

– Сметам дека сето што беше објавено треба да биде подложено на брза и објективна истрага, а министерскиот совет во рамките на уставот и законите да назначи независни истражители кои ќе ги соберат фактите, стои во сопшетнието на претседателот.

Главниот обвинител реагираше веднаш, како што истакна, дека „испариле и последните надежи кај него за една подобра иднина на земјата“.

Костас Клиридис изјави дека независна истрага е доказ дека неговиот заменик Рикос Еротокриту е откриен дека примал поткупи во текот на 2013 година.

– Ќе продолжам да ги извршувам задолженијата, им рече тој на новинарите.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ