Кипар прави ревизија на „златните пасоши“, утврдени илјадници неправилности

Од:

Државната ревизорска куќа на Кипар соопшти дека е можно да се издадени илјадници пасоши без соодветна дозвола, согласно условите од државната шема за „државјанство за инвестиции“, програма за која критичарите велат дека странците ја користат за криминал и перење пари.

Со инвестиција од најмалку два милиона евра, Кипар обезбедува пасош со кој се гарантира патување без визи низ Европската унија. Оваа шема е многу популарна меѓу граѓаните на Русија, Украина, Кина а, од неодамна, и на Камбоџа.

Кипарската ревизорска куќа, независно тело, соопшти дека во нејзината истрага се кажува дека владата ги пречекорила своите овластувања во давањето државјанство не само на поединци, туку и на нивните семејства.

„Овластувањата дадени на Советот на министри важат за странски деловни луѓе и инвеститори, а не за членови на семејствата“, се наведува во извештајот на ревизорите.

Британските медиуми наведуваат дека е можно да има илјадници такви случаи.

Од друга страна, кипарското Министерство за внатрешни работи, што е надлежно за издавање пасоши, ги обвинува ревизорите за пречекорување на нивните овластувања во истрагата.

Тоа, исто така, наведува дека ќе го сочека исходот од одделната истрага што ќе ја покрене државниот обвинител и потоа ќе реагира ако е тоа потребно.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Кипар

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот