Кипар планира продажба на трговското име и логото на „Кипар ервејс“

Од:

Кипар планира да го продаде трговското име и логото на авиокомпанијата „Кипар ервејс“, што целосно прекина со работа на 9 јануари.

„Кипар ервејс“ целосно ги запре летовите на 9 јануари, откако Европската комисија нареди Кипар да ја повлече државната помош од 65 милиони евра за компанијата, јави БТА.

Според ЕК таквата помош дава на авиокомпанијата неоправдана предност пред конкурентите, што е спротивно на правилата на ЕУ.

„Кипар Ервејс“, која вработува околу 550 лица, со години губи средства и удел на пазарот.

– Наша цел е подобрување на воздушната поврзаност на Кипар, наоѓање работни места за персоналот на „Кипар ервејс“ и користење на трговските имиња, изјави владиниот заменик портпарол Виктор Пападопулос.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ