Кипарски суд денеска одобри екстрадиција на поранешниот министер за внатрешни работи на Кипар, Динос Михајлидис во Грција, каде терба да биде сослушан во рамки на судскиот процес против поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос.
Со денешната судска одлука, Михајлидис стана првиот актуелен или поранешен кипарски министер кого Никозија ќе го екстардира на друга држава.
Грчките правосудни органи го товарат Цохаѕопулос за корупција и за перење пари при склучување на заделки за набавка на оржује за потребите на Вооружените сили на Грција.
Атина се сомнева дека Михајлидис и неговиот син Михалис помагале при префрлањето на дел од парите кои се претпоставува дека Цохаѕопулос ги добил како поткуп.
По барање на Грција, која распиша и европска потерница, таткото и синот Михајлидис беа уапсени во јули годинава. Тие ги отфрлаат обвиненијата на грчките власти.