Во Кипар денеска се одбележуваат 40 години од воениот преварт против тогашниот претседател, архиепископот Макариос, инициран од хунтата во Атина и од турската интервенција на островот.
Политичките партии и другите организации во Кипар го осудија преврат на воената хунта во Грција против владата на архиеписокот Макариос. Превратот го трасира патот за турската воена интервенција на Кипар пред 40 години, што доведе до поделба на островот на два дела, грчки и турски.
Претседателот на Република Кипар Никос Анастасијадис по повод 40 години од превратот денеска присустуваше на комеморативната церемонија во спомен на загинатите во турската интервенција, а Парламентот одржа специјална седница посветена на „оваа црна годишнина“ за островот.
Точно во 8:20 часот по локално време на островот се слушнаа сирени. На 15 јули во 8:20 во 1974 година воената хунта, која владееше со Грција нареди напад со тенкови на претседателската палата во Никозија. Извршен е воен удар на законската влада на земјата и на нејзиниот прв претседател архиепископот Макариос.
На 20 јули турската армија навлезе на островот покрај Киренија, со што почна нејзината интревенција на островот, заземајќи повеќе од една третина од него.