Кипар му го одзеде државјанството на сирискиот милијардер Рами Махлуф

Од:

Кипар муго одзеде државјанството на милијардерот Рами Махлуф, роднина на сирискиот претседател Башар ал Асад. Европската унија верува дека Махлуф ја финансира сириската Влада.

За Махлуф се смета дека е дел од најтесниот круг на сирискиот претседател и еден од највлијателните луѓе во Сирија. Тој имаше кипарско државјанство од јануари 2011 година, а подоцна добија државјанства и неговата сопруга и трите синови.

Во август 2012 година кипарската Влада одлучи да им го одземе државјанството на цело семејство, додека Комисијата за правни прашања го одобри во март. Конечната одлука на Владата во Никозија е донесена деновиве.

– Постојат причини од јавен интерес за оваа одлука, изјави портпаролот на кипарската Влада, Кристос Стилијанидес.

Махлуф пред кризата во Сирија инвестираше во банки, во мрежите за мобилна телефонија и недвижности, а својот бизнис го опишуваше како легален. Тој е под санкции од САД од 2008 година поради јавна корупција.

Во јуни 2011 година Махлуф соопшти дека се повлекува од бизнисот и станува филантроп. Оттогаш тој не се појавува во јавност и не е познато каде претсојува.

Махлуф барањето за кипарско државјанство го поднесе во 2009 година, а во документите наведе дека поседува недвижен имот на Кипар во вредност од 320.000 евра и 17,3 милиони евра во петгодишните орочени депозити во кипарските банки.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ