Кипар се надева дека првата транша од меѓународната финансиска помош ќе ја добие кон средината на мај, откако Европската комисија даде зелено светло за исплата на првата финасиска инјекција од договорената пакет-помош меѓу Никозија и „тројката“ кредитори.
По Еврокомисијата, која оцени дека Кипар ги исполни сите предуслови за исплата на првата транша од помошта, се очекува во текот на следната недела ваква одлука да донесе и Меѓународниот мионетарен фонд.
Доколку се оствари ваквото сценарио, тогаш кон средината на мај Никозија ќе ја добие првата транша од помошта во висина од 87 милиони евра.
Во исто време, од Москва пристигнуваат информации дека Русија ќе ја намали каматата на кредитот што му го исплати на Кипар во декември 2011 година од сегашните 4,5 на 2,5 проценти и дека ќе го продолжи рокот за негово враќање до 2018 година. Станува збор за кредит во износ од 10 милиарди евра.