Филијалата на руската Автовазбанка на Кипар е изземена од примената на мерките за контрола на капитал и таа се најде на листата на странски банки на Министерството за финансии на Кипар, на кои им е вратена „целосната слобода на операции на островот и надвор од него“.
Автовазбанка е третата руска банка на таа листа од 16 кредитни организации.
Претходно на 10 мај се „ослободени“ и Руската комерцијална банка и Промсвјазбанка. Освен нив слобода добија и украинската Приватбанка, повеќе од пет либански банки, стуктури на британскиот Берклиз и други.