Кипар е поблизу од кога и да било до ставање крај на 40-годишната поделба, изјави министерот за надворешни работи на самопрогласената Севернокипарска турска република Емине Чолак.
– Умерени оптимисти сме. Сметаме дека сме поблизу од кога и да било, изјави Чолак.
– Не сметам дека кипарското прашање се развива добро, но сметаме дека има можност, вели тој.
Чолак додаде дека би било „добро“ планираните избори за мај 2016 во јужниот дел на островот да бидат одложени, за да се олесни преговарачкиот процес.