Европската централна банка и префрли вечерва пет милијарди евра на Централната банка на Кипар, а станува збор за половина од износот што на државата и е одобрен пред два дена, со цел да се спречи банкротот.
Како што пренесува “Катимерини”, парите се донесени со авион на аеродромот во Ларнака, а потоа со специјални возила, во конвој кој беше обезбедуван од исклучително голем број на полицајци, беше префрлен во Централната банка во Никозија.
Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд му одобрија на Кипар десет милијарди евра, со услов самиот Кипар да собере дополнителни 4,8 милијарди, така што еднократно ќе ги оданочни сите штедни влогови поголеми од 100.000 евра.