Кинеските трговци масовно ја напуштаат Србија барајќи подобри услови за живот, пишува белградскиот весник „Новости“, нагласувајќи дека причина за тоа е лошата економска состојба во земјата.
Населувањето на Кинезите во Србија започна кон крајот на 90-тите години на миантиот век, кога беше либерализиран визниот режим.
На почетокот тие отвораа мали продавници, а некои од нив и кинески ресторани во Белград. Неофицијалниот број на Кинезите, кои времено престојуваат во Србија, е неколку десетици илјади.
Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи, на територијата на Србија живеат околу 15.000 Кинези.