Српскиот портал „Вести“ пишуваат дека кинеската текстилна компанија која ги печатела албанските знамиња за денот на албанското знаме и Денот на независноста на Албанија, направила голема грешка и испечатила погрешен орел.
„Во Приштина се вееше црн двоглав орел, но погрешен. Проблемот настанал бидејќи, Кинезите најваеројатно не знаеле како изгледа албанскиот двоглав орел, па испечатиле орел со подолг врат“, се вели во информацијата.
Откако косовските власти дознале за скандалот, наредиле веднаш сите проблематични знамиња да бидат заменети.