Кинези го купуваат Кипар

Од:

Кипарските власти издале повеќе од 200 решенија за постојан престој со цел да ги поттикнат инвестициите во недвижниот имот, а меѓународниот конзорциум со седиште во Хонг Конг ги купи голф терените „Венус рок голф рисорт“ за 290 милиони евра, во кој ќе инвестира околу 1,5 милијарди евра.

Кипар почна да издава визи за постојан престој на странци кои сакат да купат недвижен имот во вредност над 300.000 илјади евра, со цел да привлече повеќе руски инвеститори.

Откако Еврогрупата во март годинава одлучи да го преструктуира кипарскиот банкарски сектор драстично се намали приливот на капитал од Русија, како и купувањето на недвижности.

Но, од почетокот на годинава зголеме е интересот на кинески државјани за недвижен имот на Кипар. Одлуката на кипарските власти да издаваат визи постојан престој се покажа како добар стимул, како и намалувањето на цените на имотите доведе во последните месеци на Островот да бидат склучени десетици зделки.

Според брокерите 80 проценти од кинеските купувачи го избрале реонот на Пафос за инвестиции. Стотици киенски државјани купиле вили на осторовот за да можат слободно да патуваат во Европа.

На островот се реализирани 704 купопродажни договори од вкупно 2.133 продажби на имоти на териотријата на Кипар.

Тензиите во Сирија и во Египет доведоа купувачи од Блискиот Исток на Кипар, кои го преферираат реонот на Ларнака.

За постојан престој на Кипар покрај недвижен имот странецот треба да докаже дека нема криминално досие и да депонира 30.000 евра во локална банка.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ