Кинеска компанија носи роботи во Србија: Се најавуваат нови технологии и инвестиции

Од:

Кинеската компанија „Mint Group“, која веќе неколку години работи во Србија, најави дека во земјата ќе донесе нови технологии поврзани со роботика и вештачка интелигенција.

Од компанијата велат дека во соработка со технолошката фирма „AGIBOT“ развиваат повеќе видови роботи, меѓу кои и хуманоидни роботи, роботски кучиња и системи што можат да помагаат во секојдневните домашни работи.

Според најавите, Србија би можела да стане еден од центрите за развој и производство на ваква технологија во Европа. Во план е проширување на бизнисот и отворање нови капацитети во повеќе градови.

Од „Mint Group“ посочуваат дека добрата деловна клима и досегашното искуство во Србија биле клучни за новите инвестиции. Компанијата веќе има фабрики во Шабац и Лозница, каде произведува делови за автомобилската индустрија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно најави дека во Шабац наскоро би можела да биде отворена фабрика за хуманоидни роботи, а првите роботи произведени во Србија се очекуваат веќе оваа година.

Кинеската компанија „AGIBOT Innovation“ важи за една од најбрзо растечките компании во областа на роботиката и вештачката интелигенција, а нивната технологија веќе се користи во индустријата и во секојдневниот живот.

Би можело да ве интересира

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

Европа се соочува со сè поголема станбена криза: Државите воведуваат ограничувања на кириите и нови мерки за изградба

МФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

Седумка на „Лото“ падна во Ниш – среќниот добитник побогат за 3.400.000 евра

А1он

ЕФЦ со нови старт-пакети за компаниите: „Не плаќајте магацин под кирија – ние ви нудиме целосна логистика, дигитализација и достава до следниот ден“