Кина, постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, предложи денеска гласањето во СБ за резолуцијата за Сребреница да се одложи додека не се постигне консензус меѓу сите членки на ова тело, јави Танјуг.
Кинеското Министерство за надворешни работи ја информираше Србија дека нивниот став е гласањето за предлог-резолуцијата за Сребреница да се одложи додека сите земји-членки не постигнат консензус.
Кина смета дека предложениот текст не оди во прилог на помирување во регионот и оти за него нема согласност ниту меѓу сите народи во БиХ.
Претходно седницата на СБ на ОН според неофицијални извори е одложена за еден час поради несогласување за поднесената резолуција.
Русија не поднесе свој предлог за резолуцијата.