Километарски редици од камиони се формирани на турската страна на граничните премини со Бугарија, Капукуле – Капитан Андреево и Хамзабејли – Лесово.
На преминот Капукуле колоната е долга околу 15 километри, а на Хамзабејли околу 8 килоемтри, јави агенцијата БТА.
– Царинските канцеларии на турската страна работат нормално, немаме проблеми во однос на услугата или од недостиг на персонал, соопшти царинската дирекција.