Киднапери ослободија атињанка откако татко и платил откуп

Од:

Една 27-годишна жена киднапирана на 31 октомври во Атина е ослободена откако нејзиното семејство на киднаперите им платило откуп од 82.500 евра, јави дописникот на МИА од Атина.

Жената, чиј идентитет не се соопштува, била киднапиран во атинската населба Кипсели. Киднаперите се јавиле на нејзиниот татко и прво барале 10 милиони евра, но по долги преговори тие ја спуштиле сумата.

Таткото на жртвата ги предал парите и жената била ослободена во близина на местото каде што била киднапирана. Полицијата соопшти дека таа не била повредена.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит