КФОР: Ситуацијата е под контрола, да се избегнуваат провокации

Од:

Меѓународната воена мисија во Косово – КФОР вели дека ситуацијата во целата земја е под контрола и повикува на воздржаност од изјави и дејствија кои би можеле да доведат до ескалација.

Во изјавата доставена на програмата на српски јазик на Косовската радиотелевизија (РТК), КФОР напоменува дека постојано ја следи ситуацијата на теренот во цело Косово и е целосно посветено на својот мандат за гарантирање на безбедноста на сите граѓани.

КФОР тврди дека неговите сили се подготвени за брзо распоредување во во сите делови на Косово и нагласува дека нема потреба од нивно зголемено присуство на некое одредено место.

Меѓународните сили напоменуваат дека не се занимаваат со политика и со политичките шпекулации „кои понекогаш ги навестуваат тензиите на политичко ниво“.

– Последните денови имаше закани или дејствија, кои влијаеја на безбедноста во Косово. КФОР ги повикува сите да се однесуваат одговорно, да ги избегнуваат провокациите и да се воздржуваат од секакви изјави или дејствија кои можат да водат кон ескалација, се вели во изјавата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски