Американскиот претседател Џо Бајден го предложи Кенет Мертон за нов американски амбасадор во Бугарија на местото на Хeро Мустафа, која е во Бугарија од 2019 година.
Номинацијата на Бајден сега се очекува да биде одобрена од Сенатот, објавија бугарските медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Мертон беше амбасадор на САД во Хрватска, како и вршител на должноста во Амбасадата на САД во Хаити и потоа и нејзин амбасадор.
Претходно бил заменик-помошник секретар во Бирото за глобално управување со таленти, а претходно и помошник секретар во Бирото за прашања на западната хемисфера.
Мертон бил економски советник во Амбасадата на САД во Париз, Франција, извршен асистент во Бирото за економски и деловни прашања на Стејт департментот и висок набљудувач во Оперативниот центар на Стејт департментот.
Извор: МИА