Казни за бугарските градоначалници кои нема да преземаат мерки против загадувањето на воздухот

Од:

Казна од 2.500 до 500 евра за бугарските градоначалници кои нема да преземат мерки против загадувањето на воздухот, се предвидува со предлог-законот за чист атмосферски воздух, кој во Парламентот беше усвоен на првото читање.

Покрај тоа, предвидено е да се воведат стандарди за квалитетот на цврсто гориво за домашно греење – јаглен и брикети. Измените беа изгласани со 83 гласови „за“, 14 „против“, 42 воздржани.

Со предлог-законот се предвидува во случаи кога нивото за штетни супстанци во атмосферскиот воздух се надминати во дадена област, градоначалниците да разработат и спроведат програми за нивно намалување.

Расправата во бугарскиот Парламент траеше неколку часа, при што противниците на предлог-законот оценија дека државата ја префрла одговорноста на градоначалниците. Друга критика е дека предлог-законот не предвидува санкции за лицата кои користат цврсти горива за огрев, а исто така се бара и следење на квалитетот на цврстите горива.

Предлагачите на законот наведоа дека меѓу првото и второто читање дел од текстот на предлог-законот ќе биде допрецизиран, посебно во делот на одговорностите на градоначалниците.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ВИДЕО: Скопје повторно руши рекорди во загаденост, се руши и во Скопје

Предраг Петровиќ