„Катимерини“: В недела средба Ердоган – Мицотакис во Истанбул

Од:

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, ќе се сретнат в недела во Истанбул, објави онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, Ердоган и Мицотакис ќе имаат ручек во резиденцијата на турскиот претседател, а ќе биде во рамките на посетата на Мицотакис на Истанбул во пресретн на Велигден.

-Посетата доаѓа во време кога поради руската инвазија на Украина постои голем интерес, но и загриженост, за новата ситуација што би можела да се создаде во нашиот регион, пишува „Катимерини“.

Грчкиот премиер во интервјуто за телевизијата „Алфа“ во четвртокот, ја остави отворена можноста да се сретне со Ердоган го повтори неговиот став дека „не треба да биде вест средба на грчки премиер со турски претседател“ и изрази уверување дека „постои заедничка волја за да се организира таква средба“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот