„Катимерини“: Шарлатани во грчкиот Парламент

Од:

Ставовите и изјавите на одредени членови на грчкиот Парламент понекогаш навистина не се за верување, пишува „Катимерини“ во уредничкиот коментар.

Секој ден медиумите известуваат за екстремни или смешни изјави на пратеници кои не се однесуваат само на одредена партија чија единствена цел е да го привлече вниманието барем на неколку минути.

Според весникот, како што јави дописникот на МИА од Атина, има и објаснување за овој феномен, а тоа е што извесен број пратеници никогаш немале шанса да ги искажат своите несериозен размислувања на телевизија, каде инфантилното однесување често е наградено за да се има повисок рејтинг.

– Сепак таквото однесување му нанесува голема штета на и онака извалканиот кредибилитет на политичкиот систем, особено затоа што не само пратеници на една или две партии се занеле во глупости. Се разбира, наместо да се прашуваме зошто имаме такви шарлатани што не водат, можеби треба да се прашаме зошто воопшто некогаш сме гласале за нив, се вели во уредничкиот коментар на грчкиот весник „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски