Потребни се години за обновување на пазарот на недвижен имот во Грција и дури и финансиските услови да се подобра во 2014 година, како што е прогнозирано, ќе помине уште многу време пред секторот да заживее, пишува весникот „Катимерини“.
Според податоците на Централната банка на Грција во првите шест месеци од годината бројот на имотни трансакции, извршени преку банкарскиот систем е намален за 52,5 отсто на годишна основа и за 42 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Венсикот нагласува дека ова се случува и покрај падот на цените на имотите.
Според оценките на претставници на секторот во изминатите четири години цените на недвижниот имот во Грција се намалиле за 30 до 40 отсто.